Почитувани посетители,  

 

Добредојдовте на веб - страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, каде што можете да добиете информации за сите аспекти на правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набaвки во Република Македонија.

 

На нашата веб страница се наоѓаат корисни информации во врска со правната заштита, законската и под - законската регулатива на системот на јавни набавки, а може да се најдат и правна практика на Државната комисија, дневен преглед на пристигнати жалби во писарницата на Државната комисија и многу други корисни содржини и линкови.

 

Страницата се ажурира дневно, а со ажурирањето на постоечките податоци настојуваме да обезбедиме информации на едно место за сите заинтересни договорни органи обврзници за спроведување на Законот за јавни набавки, како и информации за приватниот сектор кој има статус на понудувач во системот на јавните набавки, со цел да се олесни спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки.

Државна комисија за жалби по јавни набавки  

Ве известуваме дека со формирањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки започнува со примена Глава X – Правна заштита од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 136/07 и 130/08). Уплатните сметки на кои ќе биде потребно да се уплаќаат паричните средства по основ на административни такси како и за надоместокот за водење на постапка согласно член 229 од Законот за јавни набавки (Сл.Весник на РМ бр.36/07 и 130/08).

 

Паричните средства по основ на административни такси е потребно да се уплаќаат на уплатна сметка 840182 03161 административни такси во готови пари со приходна шифра 722313.

 

Паричните средства по основ на надоместок за водење на постапка е потребно да се уплаќаат на уплатана сметка 840182 06922 надомест за водење на жалбена постапка по јавни набавки со приходна шифра 724154

Годишен извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2009 година  

Скопје, 25 мај 2010

Собранитето на Република Македонија на 101-та седница одржана на 20 мај 2010 година
го разгледа и усвои

 

Годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2009 година

СТРУЧНА РАБОТИЛНИЦА  

ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

- перспективен развој -

 

Почитувани,

 

На 18 февруари, 2010 година во хотел „Александар Палас“ Скопје се одржа Стручна работилница организирана од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки во соработка со СИГМА – која претставува заедничка иницијатива на Европската Унија и ОЕЦД, главно финансирана од ЕУ.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 18 февруари 2010

Почитувани,

 

Презентациите кои беа тема на дискусија на Стручната работилница „Правна заштита во постапките за јавните набавки“ – перспективен развој- која се одржа во хотел „Александар Палас“ Скопје на 18.02.2010 година како и Прирачникот за правната заштита во постапките за јавните набавки на македонски и на англиски јазик, можат да се симнат тука
С О О П Ш Т Е Н И Е  

Скопје, 16 февруари 2010

Почитувани,

 

Ве информираме дека Државната комисија за жалби по јавни набавки на ден 18 февруари 2010 година со почеток во 09.00 часот во Хотел Александар Палас ќе одржи Стручна работилница на тема „Правна заштита во постапките за јавни набавки“ – перспективен развој.

Известување  

Скопје, 31 декември 2009

Почитувани,



Ве известуваме дека од 01.01.2010 година, договорните органи се должни со одговорот на жалба да ја достават и оригиналната документација како и фотокопија од сите списи на предметот, заверени со нивен печат.

Техничка помош за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за жалби по јавни набавки – продолжение  
Техничка помош за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за жалби по јавни набавки  

Загреб, 08 октомври 2009

Третото продолжение на работилница на тема: „Правната заштита во системот на јавните набавки“ наменета за членовите и вработените во Државната комисија се одржа во просториите на комисијата на 8 октомври 2009 година каде што како предавачи се појавија претставниците на Државната комисија за контрола на постапките за јавни набавки од Република Хрватска. На неа беа разгледувани важноста на доказите за потврдување на способноста на економските оператори, битни повреди при постапувањето на договорните органи, како и постапување на Државната комисија по конкретни предмети.

Syndicate content